Во рамките на Стоматолошкиот факултет Скопје при Унверзитетот „Св Кирил и Методиј“, веќе извесно време активно се работи на мултимедијални проекти, како составен дел од студиите кои се одвиваат на различни катедри и клиники, потврдувајќи го и докажувајќи го теоретското знаење и практичните вештини. Проектите на кои активно работи Стоматолошкиот факултет во Скопје се однесуваат на видео презентации од секоја клиника засебно, преку едукативен и општоприфатлив дигитализиран медиум.
Ефикасниот метод на презентација и организација на мултимедијалната содржина е од особено значење во многу области од стоматологијата, при што се формираат и користат обемни мултимедијални податоци.
Мултимедијалната содржина можат слободно да ја разгледуваат студентите од сите студиски програми на Стоматолошкиот факултет преку веб-порталот за презентирање на проектите. Преносот на содржината, во различен облик и формат, се користи за пренос на
елементите и конвергенција во единствена форма, сѐ со цел студентот да може сликовито да го меморира, запомни и аудио-визуелно перцепира предметот на интерес.