Договори и меморандуми за соработка

Почетоците на меѓународната соработка на Стоматолошкиот факултет во Скопје несомнено е дека датираат од далечните шеесетти години на минатото столетие, во форма на помош што му беше обезбедена на новоформираниот Факултет во издигнувањето на наставните кадри. Низ аналите на историјата на Факултетот наоѓаме дека, речиси, сите основоположници на Факултетот оствариле студиски престои во центри надвор од матичната институција, како што се: Белград, Загреб, Љубљана, Софија, но и на универзитетите во Австрија, тогашна Западна и Источна Германија, Швајцарија, Франција и др. Денес, наставниот кадар и нивните соработници редовно учествуваат на меѓународни конгреси и остваруваат соработка за унапредување на наставните програми, а на научноистражувачки план, во истражувања за меѓународни научноистражувачки проекти. Соработката се остварува преку разнообразие на форми, а тука, освен студиските престои и научноистражувачката соработка, треба да се нагласи и соработката во публицистичката дејност и во работата на регионални стоматолошки асоцијации. Стоматолошкиот факултет како високообразовна институција и центар на едукацијата е насочен кон остварување на високообразовна научна, техничка и стручна соработка со странски високообразовни, научни, стоматолошки и други институции, како дел од грижата за унапредување на вкупниот образовен систем по стоматологија. Таа се остварува преку размена на кадри, покана на еминентни стручњаци од странство да ги пренесат сопствените искуства од стоматолошката наука и практика и, обратно, организирање разни видови на стручни манифестации со меѓународно учество, како: научни симпозиуми, семинари, курсеви и советувања. Оваа соработка е исклучително значајна, во услови кога од особен интерес на Факултетот е следење на светските трендови и достигнувања од областа на стоматологијата, проверени и прифатени во науката и практиката. Комуникацијата со институциите во странство Факултетот ја остварува самостојно или во рамките на меѓународната политика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Стоматолошкиот факултет, на линијата на интернационална комуникација, во агендата, има успешно организирани семинари на кои одржале предавања еминентни имиња од странство: Англија (проф. д-р Џон Николсон, д-р Никола Колеман од Универзитетот во Гринич, Хемија на биоматеријалите), Грција (Проф. д-р Космастолидис од Аристотеловиот Универзитет во Солун), Турција (проф. д-р Ферда Тасар, Хачетепе Универзитет, Стоматолошки факултет, Анкара), Србија (Стоматолошки факултет Белград: проф. д-р сци. Лилјана Јанковиќ; Медицински факултет, Стоматолошка клиника, Ниш: доц. д-р Никола Буриќ, ас. д-р Ана Пејчиќ), Словенија (Стоматолошки оддел при Медицинскиот факултет во Љубљана – проф. д-р Љубо Марион), Бугарија (проф. д-р Ангелина Киселова, Стоматолошки факултет, Софија), Хрватска (Стоматолошки факултет, Загреб: проф. д-р Дарко Мацан, проф. д-р Хрвоје Бркиќ и проф. д-р Зринка Тарле).

Договори за соработка
ГодинаДоговор/ меморандум/ протоколИнституција/ Правно лицеДржаваВалидност
2006Договор за меѓународна институционална соработкаLoma Linda University, School of DentistryCalifornia, U.S.A.неопределено
2007Договор за меѓународна соработкаСтоматолошки факултет во ЗагребР. Хрватсканеопределено
2018Договор за меѓународна соработкаМедицински факултет во Фоча при Универзитет во Источно СараевоБосна и Херцеговинанеопределено
2018Меморандум за соработкаМакедонско стоматолошко друштво – МСД СкопјеМакедонијанеопределено
2018Меморандум за соработкаИнтердентал ДООЕЛ СкопјеМакедонијанеопределено
2018Договор за меѓународна соработкаМедицински факултет при Универзитет во РијекаР. Хрватсканеопределено
2018Договор за меѓународна соработкаСтоматолошки факултет Белград при Универзитет во БелградР.Србијадо 2023 година
2019Меморандум за соработкаЗдружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – ЗА НАСМакедонијанеопределено
2019Договор за соработкаМедицински факултет Ниш при Универзитетот во НишР. Србијанеопределено
2019Договор за соработкаУниверзитет во Љубљана Медицински факултет – ЉубљанаР. Словенијанеопределено
2020Договор за соработкаУниверзитет во Подгорица Медицински факултет – ПодгорицаР. Црна Горанеопределено
2021Договор за соработкаУниверзитет во Осијек Медицински факултет- ОсијекР. Хрватсканеопределено
2022Меморандум за соработкаЦрвен крст на Република Северна Македонија-Црвен крст на Град СкопјеМакедонијанеопределено
2022Меморандум за соработкаПромедика ДОО СкопјеМакедонијанеопределено
2023Договор за меѓународна соработкаУниверзитет привредна академија Нови Сад
Стоматолошки факултет Панчево
Р.Србијанеопределено
2023Меморандум за соработкаСојуз на здруженија на пензионерите на МакедонијаМакедонијанеопределено
2023Договор за соработкаМедицински универзитет во Тирана Стоматолошки факултет – ТиранаР. Албанијанеопределено