Центар за кариера

Во рамки на Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е востановен Центарот за кариера, како внатрешна организациона единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која ја сочинуваат центрите за кариера на единиците на Универзитетот.

Центарот за кариера на Универзитетот ги врши следните работи:

  • Организира практикантство заради стекнување на работно искуство на студентите во компанија, установа или друга форма на организација, овозможувајќи стекнување на практично знаење и вештини и подобар пристап на студентите до пазарот на трудот.
  • овозможва вмрежување (Networking) односно полесно вработување по завршувањето на високото образование, преку креирање на активности за континуирана интеракција и можност за добивање повеќе информации потребни за нивниот развој.
  • обезбедува кариерно советување и професионално ориентирање за студентите на Универзитетот во сите циклуси на студии, во рамки на организирани сесии,  консултации, спонтани средби, курсеви за кариерно планирање, специјализирани настани како отворени денови, денови за кариера, едукативни презентации и слично.
  • организира работилници  (Workshops)  преку споделување на знаење и искуство од страна на компетентни професионалци за развој на одредени компетенции и бихејвиорални вештини поврзани со подготовка на студентите за прво вработување.  Работилниците вклучуваат и подготовка на студентите за аплицирање на работа,  Induction Program (Програма за воведување на работа), инерактивна обука во текот на наставно-образовните процеси од практична перспектива преку предавања од страна на предавачи на актуелни теми.

Алумни клубот, организиран во рамки на Центарот за кариера, одржува база на податоци за дипломирани, магистрирани и докторирани студенти на Стоматолошкиот факултет, која вклучува информации за нивниот развој и тековната позиција.

Актуелен раководител на Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје е проф. д-р Кристина Митиќ.

Актуелности

Едукативен настан- ,,SiroLaser Blue Workshop (хируршки диоден ласер)’’ во организација на ПРОМЕДИКА стоматологија (PROMEDIKA dental) и Denstply Sirona

Проф. д-р Даниела Велеска Стевковска и демонстратор Мартина Анастасовска, учествуваa на курсот ,,SiroLaser Blue Workshop (хируршки диоден ласер)’’ во организација на ПРОМЕДИКА стоматологија (PROMEDIKA dental)