Алумни клуб – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Почитувани колеги,

Aлумни филозофијата за поврзување на факултетите со неговите дипломирани студенти е од особено значење за просперитетот и развојот на многу високообразовни институции во светот. Последниве десет години, алумни филозофијата е препознатлива и во многу европски земји, откако е утврдено дека алумни заедницата е исклучително важна алка помеѓу факултетите и нивните некогашни студенти, а денес етаблирани граѓани со високи научни и стручни дострели и на високи и одговорни функции во општеството.

Вашето членство во алумни клубот на Стоматолошкиот факултет во Скопје е од особено значење за проширување на активностите со кои ќе успееме да го подигнеме дигнитетот и значењето на професиите: доктор по стоматологија/дентална медицина, стручен забен техничар и стручна стоматолошка сестра-орален хигиенолог и ќе придонесеме за уште поголем развој на факултетот.

Главна цел на алумни клубот е да се обиде да ги вмрежи поединците кои со својот углед и работа можат да му помогнат на Стоматолошкиот факултет во Скопје за да го продолжи развојот на добрите односи со сите Вас кои поттикнувате позитивни иницијативи. Воедно, односите со алумните ќе биде солидна база за понатамошни активности во сочувување на традицијата на Стоматолошкиот факултет во Скопје, унапредување на угледот, зајакнување на врската помеѓу поранешните студенти, воспоставување на соработка со слични високообразовни, научно-истражувачки, здравствени установи и други правни лица во Македонија и во странство и соработка со установи во кои работат поранешните студенти на Стоматолошкиот факултет. Алумни клубот ќе има и за цел создавање на база на податоци за осмислување на програми за заедничко остварување на сите наведени цели.

Мисија и цели на алумни клубот се:
  • Професионално и општествено поврзување на дипломираните и редовните студенти од земјата и надвор од неа со наставниот, научниот и соработничкиот кадар на Стоматолошкиот факултет во Скопје.
  • Подигнување на дигнитетот, значењето и имиџот на докторите по стоматологија/дентална медицина, стручните забни техничари и стручните стоматолошки сестри-орални хигиенолози
  • Ангажирање на алумни членовите за предавања пред студентите на факултетот и за потребите на континуираната стоматолошка едукација.
  • Осовременување, консултации и усогласување на студиските програми со потребите и барањата на практиката.
Членство во алумни клубот

Член на алумни клубот на Стоматолошкиот факултет е секое лице кое успешно ја завршило одобрената студиска програма од прв, втор или трет циклус на студии, лице кое завршило специјализација или супспецијализација спроведена од Стоматолошкиот факултет во Скопје или пак е вработен или пензиониран на факултетот.

Драги Aлумни и пријатели на Стоматолошки факултет во Скопје, пополнете ја пристапницата (во електронска форма или во форма на прашалник кој е достапен на следниот линк: https://goo.gl/forms/XQY90saEqML14EpA3) и станете член на Алумни клубот на факултетот.

Информации за актуелните настани поврзани со активностите на Алумни клубот на Стоматолошкиот факултет можете да најдете на страната – известувања за членовите на Алумни клубот.

проф. д-р Ќиро Ивановски

декан на Стоматолошкиот факултет во Скопје

при Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’ Скопје