ERASMUS +

Во рамките на програмата „ERASMUS+”, Универзитетот распишува конкурс за доделување финансиски средства на студенти и наставен кадар за реализирање на студиски престој на високообразовна институција во Европа. На конкурсот можат да се пријават студенти со македонско државјанство кои во моментот на реализирање на мобилноста се запишани најмалку на втора година студии како и наставен кадар ангажиран на факултетите.  Деталните информации и потребните документи за мобилност на студентите можат да се најдат на веб страницата на Универзитетот (www.ukim.edu.mk) и преку ERASMUS+ координаторот на Стоматолошкиот факултет – Скопје.

ERASMUS+ КООРДИНАТОР:

проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска

e-mail: egjorgievska@stomfak.ukim.edu.mk