Заштита на лични податоци

ПРОЦЕДУРА ЗА ИНФОРМАЦИИ И ПРАВО НА ПРИСТАП ДО ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ,  ЗАПИРАЊЕ,  ИСПРАВКА, ДОПОЛНУВАЊЕ, БРИШЕЊЕ  И ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ

     Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје  (во понатамошниот текст  – Факултетот) во рамките на својот делокруг на работење, а со цел извршување на својата основна дејност во доменот на образованието и науката, врши собирање, чување и обработка на лични податоци.
     Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, Факултетот е Контролор на лични податоци, а Субјекти на лични податоци се кандидатите за запишување заради студирање на Факултетот, лицата кои имаат статус на запишани студенти или некогаш во минатото имале таков статус, лицата кои имаат статус на запишани специјализанти или во минатото имале таков статус, како и лица кои се или биле вработени на Факултетот.
     Процедурата ги опишува постапките за поднесување на барање од страна на субјектот на лични податоци за пристап до личните податоци и издавање на информации за обемот и целта на обработка на неговите лични податоци од страна на Факултетот, за запирање и ограничување на обработката на личните податоци, за исправка, дополнување или измена на дел од неговите лични податоци, како и барање за бришење на личните податоци( ,,право да се биде заборавен”).
Права на субјектот на личните податоци   

     Кога податоците се прибираат од субјектот на лични податоци тој мора да биде информиран за:  
-идентитетот на контролорот и неговиот овластен претставник во Република Севрна Македонија, ако го има;
-целите на обработката;
-корисниците или категориите на корисници на личните податоци;
-задолжителноста на давање на одговори на прашања кои вклучуваат лични податоци;
-можните последици ако не се даде одговор и
-постоењето на право на пристап и право на исправка на неговите лични податоци.

     Кога податоците не се прибираат од субјектот на лични податоци, Факултетот во времето на евидентирање на личните податоци, а ако е предвидено личните податоци да бидат откриени на трето лице, најдоцна до моментот кога податоците првпат се откриени, мора да го информира субјектот на лични податоци за:

-идентитетот на контролорот и неговиот овластен претставник во Република Северна Македонија, ако го има;целите на обработката;категориите на податоци;
-корисниците или категориите на корисници на личните податоци и
-постоењето на право на пристап и право на исправка на податоците што се однесуваат на субјектот на лични податоци.

     Факултетот нема обврска да го информира субјектот на лични податоци, за обработка на личните податоци за историски, научни или статистички цели, ако:

-истото е невозможно или бара несразмерен напор или трошоци или
-собирањето односно откривањето на личните податоци е утврдено со закон.  
Информации за субјектот на лични податоци  
     Субјектот на лични податоци може да побара од Факултетот да го информира:
  – дали се врши обработка на неговите лични податоци;
– за целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци;
-за личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоци и
– за логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која има влијание врз субјектот на лични податоци.       

За таа цел постои посебен образец, Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци (Прилог 1), објавено на Интернет страната на Факултетот.      

  Субјектот на лични податоци може да го достави Барањето до Факултетот, и истото потоа се проследува до Офицерот за заштита на личните податоци кој ги собира потребните информации за обработка на личните податоци на субјектот и доставува одговор на Барањето.
Факултетот  е должен да одговори на уредно доставеното барање од страна на субјектот на лични податоци во рок од 30 дена од денот на приемот на истото.       
Доколку Факултетот  еднаш одговорил на ваквото барање , нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.  
Пристап до личните податоци  
     Субјектот на лични податоци може да побара од Факултетот пристап до личните податоци. Што значи дека Стоматолошкиот факултет во Скопје  потврдува дека ги обработува лични податоци на субјектот и овозможува пристап до тие податоци.     
  
За таа цел постои посебен образец, Барање за пристап до  личните податоци (Прилог 2), објавено на Интернет страната на Факултетот.       
Процедурата за овозможување на пристап е регулирана со ЗЗЛП. Субјектот на лични податоци може да го достави Барањето до Факултетот, и истото потоа се проследува до Офицерот за заштита на личните податоци кој ги собира потребните информации за обработка на личните податоци на субјектот и доставува одговор на Барањето.
   
  Факултетот е должен да одговори на уредно доставеното барање од страна на субјектот на лични податоци во рок од 30 дена од денот на приемот на истото.       
Доколку Факултетот еднаш одговорил на ваквото барање, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.  
Запирање на обработка на личните податоци  
       Кога личните податоци се обработуваат со цел:
– извршување на работи од јавен интерес или на службено овластување на Факултетот или на трето лице на кое му се откриени податоците или
-исполнување на легитимните интереси на Факултетот, трето лице или лице на кое податоците му се откриени, освен ако слободите и правата на субјектот на лични податоци не преовладуваат над таквите интереси, субјектот на лични податоци има право да побара запирање на обработката на неговите лични  податоци.       

Ако барањето е основано, Факултетот е должен да ја запре натамошната обработка на личните податоци.      За таа цел постои посебен образец, Барање за запирање на обработката на личните податоци (Прилог 3), објавено на Интернет страната на Факултетот.

       Субјектот на лични податоци може да го достави Барањето до Факултетот и истото потоа се проследува до Офицерот за заштита на личните податоци кој ги собира потребните информации за обработка на личните податоци на субјектот и доставува одговор на Барањето.     
Факултетот  е должен да одговори на уредно доставеното барање од страна на субјектот на лични податоци во рок од 30 дена од денот на приемот на истото.  
Исправка, дополнување и измена на личните податоци   

     По барање на субјектот на лични податоци или кога Факултетот ќе утврди дека  личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, односно доколку нивната обработка не е во согласност со законските одредби,  тој е должен да изврши исправка односно да ги дополни, измени, личните податоци.

     Кога барањето доаѓа од определен субјект на лични податоци, тој тоа го документира на за таа цел посебен образец – Барање за исправка, дополнување, измена на информации за обработка на личните податоци (Прилог 4), објавено на Интернет страната на Факултетот .

     Субјектот на лични податоци може да го достави Барањето до Факултетот и истото потоа се проследува до Офицерот за заштита на личните податоци кој ги собира потребните информации за обработка на личните податоци на субјектот и доставува одговор на Барањето.

     За извршената исправка, дополнување или измена на личните податоци, Факултетот е должен најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето писмено да го извести субјектот на лични податоци, корисниците на лични податоци или трети лица на кои им се откриени личните податоци, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошок.
Бришење на личните податоци
     Субјектот на лични податоци има право да побара од Факултетот да ги избрише неговите лични податоци, при што Факултетот како контролор има обврска да ги избришше во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, ако е исполнет еден од следните услови:
-личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или обработени на друг начин;
-субјектот на личните податоци ја повлекува својата согласност врз која се заснова обработката на податоците согласно со член 10, став 1, точка 1 и член 13, став 2 од Законот за заштита на личните податоци;
-субјектот на личните податоци поднесе приговор на обработката на неговите лични податоци  согласно член 25 , став 1 и 2 од Законот за заштита на личните податоци;
-личните податоци биле незаконски обработени;
-личните податоци треба да бидат избришани со цел почитување на обврска утврдена со закон која се однесува на контролорот.       

Ако барањето е основано, Факултетот е должен да ги избрише  личните податоци.
За таа цел постои посебен образец, Барање за бришење на личните податоци  (Прилог 5), објавено на Интернет страната на Факултетот.

     Субјектот на лични податоци може да го достави Барањето до Факултетот и истото потоа се проследува до Офицерот за заштита на личните податоци кој ги собира потребните информации за обработка на личните податоци на субјектот и доставува одговор на Барањето.     
Факултетот е должен да одговори на уредно доставеното барање од страна на субјектот на лични податоци во рок од 30 дена од денот на приемот на истото.  
Ограничување на обработката на личните податоци  
     Субјектот на лични податоци има право на ограничување на обработката на личните податоци. Ограничувањето на обработката на личните податоци значи дека Стоматолошкиот Факултет – Скопје (во понатамошниот текст –Факултетот) ќе продолжи да ги чува податоците, но ќе престане со нивното користење.  
Факултетот ќе ја ограничи обработката на личните податоци во следниве околности:
-Кога ќе не информирате дека податоците кои ги обработува за Вас не се точни. Во овој случај Факултетот ќе престане со користење на податоците и ќе преземе мерки за исправка на податоците;
-Кога обработката на Вашите лични податоци се врши врз основа на исполнување на легитимниот интерес на Факултетот, и Вие поднесувате барање за ограничување на обработката. Во овој случај, обработката ќе се ограничи за времетраење на интерниот тест дали е основан легитимниот интерес на Факултетот;
– Кога податоците се обработуваат незаконски, до нивно бришење, уништување;
– Кога на Факултетот повеќе не му е потребно да ги обработува личните податоци, но истите ви се потребни на вас за некој друг правен интерес.    
    За таа цел постои посебен образец, Барање за ограничување на обработка на личните податоци (Прилог 6), објавено на Интернет страната на Факултетот.

     Субјектот на лични податоци може да го достави Барањето до Факултетот, и истото потоа се проследува до Офицерот за заштита на личните податоци кој ги собира потребните информации за обработка на личните податоци на субјектот и доставува одговор на Барањето.    
Факултетот  е должен да одговори на уредно доставеното барање од страна на субјектот на лични податоци во рок од 30 дена од денот на приемот на истото.  
    Пренесување на личните податоци
                  Субјектот на лични податоци има право на пренесување на личните податоци кои Стоматолошкиот факултет – Скопје ги обработува за него. Ова значи дека субјектот има право да ги добие личните податоци кои ги дал во структуиран, читлив формат и да ги пренесе личните податоци до друг контролор.    
  Доколку постои можност на ИТ системот и инфроматичката инфраструктура, Факултетот ќе ги достави податоците на барање на субјектот до друг/и контролор/и.
Ова право може да се применува само во следниве околности:  
-Кога податоците се доставени на Факултетот и
-Кога Факултетот се јавува како контролор (обработувач) на личните податоци на субјектот.
 
     За таа цел постои посебен образец, Барање за пренесување на личните податоци
(Прилог 7), објавено на Интернет страната на Факултетот.

     Субјектот на лични податоци може да го достави Барањето до Факултетот и истото потоа се проследува до Офицерот за заштита на личните податоци кој ги собира потребните информации за обработка на личните податоци на субјектот и доставува одговор на Барањето.     
Факултетот  е должен да одговори на уредно доставеното барање од страна на субјектот на лични податоци во рок од 30 дена од денот на приемот на истото.       
Доколку барањето е сложено или Факултетот примил повеќе барања од истиот субјект, истиот рок може да го продолжи за уште еден месец. Во овој случај,  подносителот на барањето ќе биде писмено известен во рок од еден месец по приемот на барањето за причините за продолжување на рокот.  
Ограничувања на правата на субјектот на лични податоци   
     Правата на субјектот на лични податоци утврдени во претходните точки можат да се ограничат во посебни случаи кога со нивното практикување ќе се загрози остварувањето на обврските на Факултетот предвидени со закон, и тоа:

-за заштита на националната  безбедност;
-одбраната на државата;јавната безбедност;
-заради превенција, откривање и гонење на сторители на кривични дела;
-заради превенција, истрага, откривање и гонење на  повреда на етички правила за регулираните  професии;
-заради заштита на важни економски или финансиски интереси на државата;
-спроведување на барањата во граѓанска постапка;
-заштита на независноста на судовите и судските постапки;заради заштита на правата и слободите на субјектот на лични податоци или правата на другите физички лица.

     Факултетот  нема да постапи по барањето за доставување на информации за обработка на личните податоци од страна на субјектот на лични податоци кога е овластен согласно со закон и ако личните податоци се обработуваат исклучиво во научно истражување или ако се собрани исклучиво за утврдени статистички цели и се чуваат за период што не го надминува периодот потребен за единствена цел за создавање на статистички податоци.
Прилози : 
1.Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци (Прилог 1)
2.Барање за пристап до лицни податоци(Прилог 2)
3.Барање за запирање на обработката на личните податоци (Прилог 3)
4.Барање за исправка, дополнување, измена на личните податоци (Прилог 4)
5.Барање за бришење на личните податоци (Прилог 5)
6.Барање за ограничување на обработката на личните податоци (прилог 6)
7.Барање за пренесување на личните податоци (Прилог 7)

ПРОЦЕНКА НА ВЛИЈАНИЕТО ПО ПРИВАТНОСТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ШТО СЕ ОБРАБОТУВААТ ОД СТРАНА НА КОНТРОЛОРОТ
Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје – Стоматолошки факултет – Скопје