Факултетско студентско собрание на Стоматолошки факултет – Скопје – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Факултетското студентско собрание е формирано во 2018 година согласно Законот за високото образование од 2018 година. Факултетското студентско собрание е невладина, непрофитабилна студентска организација која се залага за застапување на правата на сите студенти запишани на додипломски и постдипломски студии на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Студентската организација активно учествува во организирањето на наставниот процес и креирањето на новиот систем на студирање – Европски кредит трансфер систем (ЕКТС). ФСС-СФ е активна членка на Универзитетското студентско собрани при Универзитетот Св.Кирил и Методиј од Скопје и учествува во неговата работа, задоволувајќи ги, поттикнувајќи ги и развивајќи ги културните потреби на студентите, спортско-рекреативните дејности, научно-техничкото творештво, здравствените, хуманитарните и другите активности. Исто така активно членува во една интернационална организација, Европската асоцијација на студенти по стоматологија  (EDSA). Преку членството во оваа организација студентите се во директен контакт со своите колеги од Европа и остваруваат контакти во насока на проширување на своите видици кон развој на стоматолошката наука. Истовремено, преку членството во Европската организација со свои делегати учествуваат и во директно креирање на политиките на Европската асоцијација на студенти по стоматологија. ФСС-СФ во соработка со своите колеги, членки на овие организации, организира студентски размени од различен тип, визитинг програми, размена на научни трудови, стручни теми, посета на конгреси и семинари и се друго што е од интерес за студентите по стоматологија. ФСС-СФ секоја година ја продолжува повеќе од триесетгодишната традиција во организација на Научни интернационални студентски стоматолошки конгреси каде се презентираат повеќе од триесетина научни трудови изработени од студентите на Стоматолошкиот факултет,како и другите факултети по дентална медицина од нашата држава и од Европа.

Исто така ФСС-СФ учествува и во организацијата на Летна школа за студенти по стоматологија која започнува да се одржува од 2019 година. Истата е со интернационален карактер и студентите имаат можности преку предавања од врвни професионалци,односно професори и интерактивно учење преку голем број работилници да се запознаат со многу нови техники на работа во областа на денталната медицина и протетиката.ФСС-СФ има склучено и меморандум за соработка со Европската медицинска студентска асоцијација на Македонија (ЕМСА), со кој е предвидена взаемна размена на информации, знаења и искуства од областите од заеднички интерес и учество,соработка и организација на заеднички проекти.

ГодинаЛетна школа
2021Втора летна школа за студенти по стоматологија и млади доктори по дентална медицина
2022Трета летна школа за студенти по стоматологија и млади доктори по дентална медицина
ГодинаСтоматолошки студентски конгрес
2021(27) Дваесет и седми Стоматолошки Студентски конгрес
2022(28) Дваесет и осми Стоматолошки Студентски конгрес

Линк до фејсбук страната: тука