СООПШТЕНИЕ за начинот на спроведување на практичната настава
By in , , , ,
1065

Почитувани наставници и студенти,

Со оглед на тешката ситуација која се уште постои во однос на секојдневно голем број Ковид заразени лица, Деканатската управа дискутираше за начинот на понатамошно спроведување на практичната настава во зимски семестар 2020/2021 година.

Ве информираме дека на седница на деканатската управа одржана на 27.11.2020 година во однос на реализација на практичната настава за зимски семестар учебна 2020/2021 се донесоа следниве заклучоци:

-Реализација на практична настава за претклинички предмети ќе се спроведува на начин кој ќе биде договорен помеѓу раководителот на катедрата и одговорниот наставник на предметот. Практичната настава може да биде договорена како настава – вежби од менторски тип (не повеќе од двајца студенти).

-Реализација на практичната настава за клинички предмети ќе се спроведува онлине, освен вежбите по одредени предмети од Катедрите орална хирургија, Катедрата за болести на забите и ендодонтот, Катедрата за стоматолошка протетика и Катедрата за детска и превентивна стоматологија и Катедрата за болести на уста и пародонтот кои можат да бидат организирани како вежби од менторски тип ако студентот донесе свој пациент. Во таков случај вежбата ќе може да се спроведе без разлика на одреден термин за спроведување на наставата.

Продекан за настава
проф. д-р Мира Јанкуловска

54321
(0 votes. Average 0 of 5)
Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *