КОНКУРС за избор на демонстратори во учебната 2026/27 година
By in
26
КОНКУРС за избор на демонстратори во учебната 2026/27 година

Врз основа на 163 од Законот за високо образование (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 82/2018 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр. 154/19, 178/21, 58/24 и 124/25) член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставностручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 411/2018 и 426/2019), деканот на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје Стоматолошки факултет- Скопје, на ден 21.09.2026 година распишува

 

КОНКУРС

за избор на демонстратори во учебната 2026/27 година

 

Се распишува конкурс за избор на

  • 1 (еден) демонстратор на Катедрата за јавно здравство во стоматологијата и
  • 2 (два) демонстратори на Катедрата за стоматолошка протетика.

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови од член 163 од Законот за високото образование (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 82/2018 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр. 154/19, 178/21, 58/24 и 124/25) и посебните услови од член 20 од Правилникот за посебни услови и постапка за избор во наставно-научни, научни, наставно стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј “ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 411/2018 и 426/2019).

 

За демонстратор може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:

  • Да биде студент запишан на втор или трет циклус студии од соодветните студиски програми или
  • Студент запишан на студиската програма за доктори по дентална медицина – прв и втор циклус интегрирани студии и има остварено најмалку 180 ЕКТС кредити.

 

Кон пријавата, во која треба да биде назначена соодветната област, кандидатите треба да достават: кратка биографија – CV, докази за исполнетост на општите и посебните услови кои се докажуваат со: копија од индекс за прв, втор или трет циклус, уверение за положени испити и потврда за редовен студент.

 

Рокот за поднесување пријави е 5 (пет) дена од денот на објавување на конкурсот. Факултетот и избраниот демонстратор ќе склучат договор со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски.

 

Пријавите и потребната документација се поднесува во архивата на Стоматолошки факултет во Скопје или на адреса ул. Мајка Тереза бр.43, Скопје.

 

Декан

Проф. д-р Соња Апостолска с.р.

 

КОНКУРСОТ (документ)

54321
(0 votes. Average 0 of 5)