Врз основа на 163 од Законот за високо образование (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 82/2018 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр. 154/19, 178/21, 58/24 и 124/25) член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставностручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 411/2018 и 426/2019), деканот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје Стоматолошки факултет- Скопје, на ден 21.09.2026 година распишува
КОНКУРС
за избор на демонстратори во учебната 2026/27 година
Се распишува конкурс за избор на
- 1 (еден) демонстратор на Катедрата за јавно здравство во стоматологијата и
- 2 (два) демонстратори на Катедрата за стоматолошка протетика.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови од член 163 од Законот за високото образование (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 82/2018 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр. 154/19, 178/21, 58/24 и 124/25) и посебните услови од член 20 од Правилникот за посебни услови и постапка за избор во наставно-научни, научни, наставно стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј “ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 411/2018 и 426/2019).
За демонстратор може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:
- Да биде студент запишан на втор или трет циклус студии од соодветните студиски програми или
- Студент запишан на студиската програма за доктори по дентална медицина – прв и втор циклус интегрирани студии и има остварено најмалку 180 ЕКТС кредити.
Кон пријавата, во која треба да биде назначена соодветната област, кандидатите треба да достават: кратка биографија – CV, докази за исполнетост на општите и посебните услови кои се докажуваат со: копија од индекс за прв, втор или трет циклус, уверение за положени испити и потврда за редовен студент.
Рокот за поднесување пријави е 5 (пет) дена од денот на објавување на конкурсот. Факултетот и избраниот демонстратор ќе склучат договор со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски.
Пријавите и потребната документација се поднесува во архивата на Стоматолошки факултет во Скопје или на адреса ул. Мајка Тереза бр.43, Скопје.
Декан
Проф. д-р Соња Апостолска с.р.

