ЈАВЕН ПОВИК
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје, врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 275/19, 122/21 и 193/25), Одлуката за усвојување на Збирен извештај за извршениот вонреден попис на движни ствари и залихите на материјали во Стоматолошки факултет – Скопје со состојба на 30.6.2025 година, донесена од Деканатската управа на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје Стоматолошки факултет – Скопје, заведена под арх. бр. 02-3355/1 од 3.11.2025 година, објавува јавен повик за избор на правнo лицe кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад за движни ствари – опрема, електронска, електрична и информатичка опрема, како и други основни средства – инвентар, кои немаат вредност односно се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и не можат да се продадат или разменат како такви, и истите не се користат од страна на Стоматолошкиот факултет – Скопје.
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари – електронска, електрична и информатичка опрема и друг инвентар, предмет на јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи. Движните ствари се наоѓаат во магацинските простории во зградата на Стоматолошкиот факултет – Скопје, на ул. Мајка Тереза бр. 43, Скопје.
Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад (електронски отпад и друг отпад), издадена од надлежен орган.
Лицe за контакт во врска со јавниот повик: Нас. доц. д-р Влатко Коколански, тел. 078/260-818 и електронска адреса: vkokolanski@stomfak.ukim.edu.mk
Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на ул. Мајка Тереза бр. 43, Скопје или електронски, преку следните линкови:
- Инструкции по јавен повик
- Прилог 1: Листа на движните ствари кои се предмет на јавниот повик.
- Прилог 2: Пријава по јавен повик
- Прилог 3: Изјава
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 28.11.2025 година до 10.00 часот.
Комисија за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад
Прилог бр 1. Листа на движните ствари кои се предмет на јавниот повик

