ИНТЕРЕН ОГЛАС
за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година
Почитувани студенти,
Во продолжение го објавуваме Интерниот оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година кој е објавен од страна на Универизтетот ,,Св.Кирил и Методиј,, во Скопје.
Обрасци за аплицирање:
ИЗЈАВА (симни)
ПРИЈАВА (симни)
Со пријавата апликантите, во pdf – формат, ги доставуваат и следниве документи:
- потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата,
- за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи,
- за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија
- пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен приход
- за родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд и/или
- за починат родител – извод од матичната книга на умрените.
- Уверение за остварени приходи од УЈП;
- Лична изјава за бројот на членовите на семејството потпишана од студентот;
- Уверение за положени испити (за студентите од повисоките години);
- Потврда за редовен студент.
За сите дополнителни прашања и појаснувања на следниов емаил: beti@stomfak.ukim.edu.mk
ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
Елетронска адреса за аплицирање: dlaskov@stomfak.ukim.edu.mk