Проф. д-р Ѓорчулеска – Бајрактарова Надежда
By in
77

Ѓорчулеска-Бајрактарова проф. д-р Надежда е родена на 12 август 1936 год. во Прилеп, Р. Македонија. Средно образование, гимназија, завршила во Струмица. На Стоматолошкиот факултет во Белград дипломирала во 1962 год. Со звањето специјалист по ортодонција со протетика се здобила во 1970 год. Во 1977 год. одбранила хабилитациона теза на Стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет во Скопје, под наслов “Промени на денталните лакови и структурите на сегментите на денталните лакови кај случаи со примарна збиеност: лонгитудинална студија”. Докторската дисертација под наслов “Корелација помеѓу растот на краниофацијалните структури и биолошката матурација кај деца со малоклузии” ја одбранила на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1986 год. Првото вработување на проф. д-р Надежда Ѓорчулеска-Бајрактарова било во Здравствената станица при фабриката “Македонка” во Штип, во 1963 год. Во 1965 год. се вработила на Клиниката за ортодонција, Стоматолошки отсек при Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1970 год. била избрана за асистент на истоимениот предмет. Во 1980 год. била избрана во звањето доцент на Катедрата за ортодонција при Стоматолошкиот факултет во Скопје, а во 1985 год. за вонреден професор на истата Катедра. Во 1990 год. била избрана во звањето редовен професор, а во 1996 год. била преизбрана во истотото звање. Се пензионирала во 1996 год.Ѓорчулеска-Бајрактарова проф. д-р Надежда е родена на 12 август 1936 год. во Прилеп, Р. Македонија. Средно образование, гимназија, завршила во Струмица. На Стоматолошкиот факултет во Белград дипломирала во 1962 год. Со звањето специјалист по ортодонција со протетика се здобила во 1970 год. Во 1977 год. одбранила хабилитациона теза на Стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет во Скопје, под наслов “Промени на денталните лакови и структурите на сегментите на денталните лакови кај случаи со примарна збиеност: лонгитудинална студија”. Докторската дисертација под наслов “Корелација помеѓу растот на краниофацијалните структури и биолошката матурација кај деца со малоклузии” ја одбранила на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1986 год. Првото вработување на проф. д-р Надежда Ѓорчулеска-Бајрактарова било во Здравствената станица при фабриката “Македонка” во Штип, во 1963 год. Во 1965 год. се вработила на Клиниката за ортодонција, Стоматолошки отсек при Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1970 год. била избрана за асистент на истоимениот предмет. Во 1980 год. била избрана во звањето доцент на Катедрата за ортодонција при Стоматолошкиот факултет во Скопје, а во 1985 год. за вонреден професор на истата Катедра. Во 1990 год. била избрана во звањето редовен професор, а во 1996 год. била преизбрана во истотото звање. Се пензионирала во 1996 год.Проф. д-р Надежда Ѓорчулеска-Бајрактарова била на тримесечен студиски престој во Финска, кај професорите Калеви, Коски и Ренинг во 1978 год. Во 1982 год. имала уште еден студиски престој, во Норвешка, кај професорите Риг и Вист. Меѓу научноистражувачките импулси, за проф. д-р Надежда Ѓорчулеска-Бајрактарова централно место зазема растот и развојот на структурите на краниофацијалниот комплекс. Публицистичкиот опус на проф. д-р Надежда Ѓорчулеска-Бајрактарова опфаќа 82 статии, од кои 77 се објавени во домашни и 5 во странски публикации. Професор Ѓорчулеска-Бајрактарова е автор на учебникот под наслов “Основи на ортодонцијата” I дел, кој е објавенво 1996 год. во издание на “Менора”. Проф. Ѓорчулеска-Бајрактарова е член на Ортодонтската секција на Р. Македонија и на поранешното Здружение на ортодонтите на Југославија. Член е и на Европското ортодонтско друштво од 1972 год. Уште во школските денови проф. Ѓорчулеска била општествено активна. Меѓу ангажманите во подоцнежните години се вбројува членувањето во самоуправните органи на матичната институција, потоа била член на Советот на Универзитетскиот центар за медицински науки, член на Советот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. За својата севкупна дејност проф. д-р Надежда Ѓорчулеска-Бајрактарова била одликувана со Орден на трудот со сребрен венец, Орден на трудот со златен венец, а добитник е и на и плакети по повод одбележувањето на 30-годишнината, 40-годишнината и 45-годишнината од постоењето на Стоматолошкиот факултет во Скопје (1989, 1999 и 2004).

54321
(0 votes. Average 0 of 5)