ОПШТО втор циклус академски (магистерски) студии
By in
9

Студиската програма –Дентална медицина, втор циклус академски (магистерски) студии, е со траење од 1 година, односно 2 семестри.

Вкупниот број на кредити кои студентот ги освојува со положување на сите предмети и одбраната на магистерскиот труд  изнесува 60 ЕКТС.

Студиската програма е структурирана од задолжителни, изборни предмети и изработка и одбрана на завршен магистерски труд. Изборните предмети се од различни области на стоматологијата и студентот ги избира во зависност од афинитетот и од темата која ќе ја работи во магистерскиот труд.

Во првиот семестар студентите имаат 5 задолжителни предмети, од кои секој носи по 6 ЕКТС, со кои освојуваат вкупно 30 ЕКТС.

Во вториот семестар студентите избираат два изборни предмети од кои секој носи 5 ЕКТС, со кои освојуваат вкупно 10ЕКТС. Во склоп на изборните предмети, студентот има и практична обука, во облик на вежби, демонстрација на различни случаи како и самостојна истражувачка работа.

Изборните предмети се наредени во листа на изборни предмети, според научната област на која и припаѓаат. Листата на изборни предмети се состои од вкупно 56 понудени предмети поделени во 8 области и тоа:

 1-детска стоматологија, 2- превентивна стоматологија, 3-ортодонција; 4- стоматолошка протетика; 5- орална хирургија, 6 – имплантологија; 7 –  пародонтологија и орална медицина и 8 – дентална патологија, реставративна стоматологија и ендодонција.

Студентот има право да ги избере предметите во согласност со својот потесен интерес, со цел добивање на дополнителни, високо специјализирани знаења и вештини од таа потесна област.

 Останатите 20 ЕКТС, студентите ги освојуваат со изработка и одбрана на магистерски труд. Овој труд, јавно го бранат по завршување на сите обврски и положување на сите предмети.

Со завршување на студиската програма, студентот се стекнува со академски назив: магистер на стоматолошки науки (анг. master of dental sciences) .


Преглед на структурата на студиската програма


Решенија за акредитација (Студиската програма –Дентална медицина, втор циклус академски (магистерски) студии)

Решение за почеток на работа (Студиската програма –Дентална медицина, втор циклус академски (магистерски) студии)

54321
(0 votes. Average 0 of 5)