Стоматолошки факултет - Скопје
Со огромна гордост ја споделуваме веста за успехот на нашите студенти, Ферхад Ѓул и Бојана Георгиевска, кои го освоија првото место во сесијата „Орална, максилофацијална хирургија и ОРЛ 2“ на престижниот @64kongresbiomed во Србија кој се одржа од 24.04.2026 до 28.04.2026 на Копаоник.
Овој успех е плод на темелна истражувачка работа. Пациентите вклучени во истражувањето беа болнички пациенти оперирани на Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат – Максилофацијална хирургија „Академик Илија Васков“ во Скопје. Лабораториските анализи беа извршени со поддршка на Научно-истражувачкиот центар и Биохемиската лабораторија при Стоматолошкиот факултет во Скопје.
Трудот беше изработен под стручно менторство на Доц. д-р Санела Идоска од Катедрата за максилофацијална хирургија при Стоматолошки факултет во Скопје и коменторство на м-р д-р Мартина Анастасовска. Упатуваме благодарност и до Деканот на Стоматолошкиот факултет Проф. д-р Соња Апостолска како и до сите наставници и соработници кои помогнаа во реализацијата на ова истражување.
Упатуваме искрени честитки до Ферхад и Бојана за нивната посветеност, знаење и достојното претставување на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вон границите на нашата држава!🥇🦷✨

