Eдукативен настан во средното медицинско училиште на град Скопје д-р Панче Караѓозов
By in ,
32
Eдукативен настан во средното медицинско училиште на град Скопје д-р Панче Караѓозов

По повод Денот на Оралното здравје, на 19.03.2026, со учество на студентите од Стоматолошкиот факултет, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, беше организиран едукативен настан во средното медицинско училиште на град Скопје д-р Панче Караѓозов.

Преку теоретски и практичен дел, учениците се запознаа со улогата на денталниот биофилм и неговата улога во иницијација на оралните заболувања, нивната поврзаност  со  општите заболувања, a воедно беше  демонстрирана и  правилна техника на четкање на забите.

Едукативниот настан беше организиран од страна на   Центарот за кариера на Стоматолошки факултет – Скопје  Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, со поддршка на Elmex.

 

 

                 

 

54321
(0 votes. Average 0 of 5)