Деновите на Еразмус+ (Erasmus + Days 2026)
By in
188
Деновите на Еразмус+ (Erasmus + Days 2026)

   

По повод одбележувањето на Деновите на Еразмус+ (Erasmus + Days 2026), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Ве поканува да присуствувате на настанот „Студентски искуства од Еразмус+ мобилност“, кој ќе се одржи на 15 октомври 2026 година (четврток), со почеток во 12,00 часот, во Округлата сала на Ректоратот на УКИМ.

Настанот се организира како дел од меѓународната иницијатива Erasmus+ Days, посветена на промоцијата на можностите, искуствата и придобивките од програмата Еразмус+. Во рамките на настанот, студенти на УКИМ ќе ги споделат своите искуства од реализирани мобилности на партнерски високообразовни институции во странство, а ќе бидат претставени и можностите што програмата Еразмус+ ги нуди за студентите и академскиот кадар.

 

Поради ограничениот број места, Ве молиме присуството да се потврди на оваа е-пошта: international@ukim.edu.mk најдоцна до 13 октомври 2026 година.

54321
(0 votes. Average 0 of 5)