Проф. Билјана Евросимовска одржа предавање на Стоматолошкиот факултет во Панчево
By in
65
Проф. Билјана Евросимовска одржа предавање на Стоматолошкиот факултет во Панчево

Како поканет предавач од страна на деканот, проф. д-р Владимир Биочанин, на ден 21.05.2026 година, Проф. Билјана Евросимовска одржа предавање со наслов „Решавање на предизвиците: Напредни технологии во ефикасниот менаџмент на периимплантитис“ на Стоматолошкиот факултет во Панчево, Србија. Предавањето беше наменето за студентите од петта година на студии, како и за специјализантите на Катедрата за орална хирургија и имплантологија. Наредниот ден, проф. Евросимовска и проф. Даниела Велеска-Стефковска беа запознаени со просториите каде што се одржува наставата за студентите, како и со вежбалните и лабораториите за истражување кои се снабдени со најнова технолошка опрема. Со оваа посета, успешната соработка меѓу двата факултета продолжува и понатаму.

(Кон Галеријата)

54321
(0 votes. Average 0 of 5)