По повод Денот на Оралното здравје, на 19.03.2026, со учество на студентите од Стоматолошкиот факултет, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, беше организиран едукативен настан во средното медицинско училиште на град Скопје д-р Панче Караѓозов.
Преку теоретски и практичен дел, учениците се запознаа со улогата на денталниот биофилм и неговата улога во иницијација на оралните заболувања, нивната поврзаност со општите заболувања, a воедно беше демонстрирана и правилна техника на четкање на забите.
Едукативниот настан беше организиран од страна на Центарот за кариера на Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, со поддршка на Elmex.

















