ОПШТО Студиската програма – Дентална медицина, втор циклус стручни едногодишни студии
By in
11

Студиската програма –Дентална медицина, втор циклус  стручни едногодишни  студии ,е со траење од 1 година, односно 2 семестри.

Вкупниот број на кредити кои студентот ги освојува со положување на сите предмети и одбраната на т труд  изнесува 60 ЕКТС.

Студиската програма е структуирана од задолжителни и изборни предмети  и изработка и одбрана на завршен стручен труд.

Во првиот семестар студентите имаат 4 задолжителни предмети со кои освојуваат вкупно 30 ЕКТС  кредити.

Во вториот семестар студентите избираат 4 изборни предмети, од кои секој носи по 4 ЕКТС од понудената листа на изборни предмети. Со полагање на изборните предмети студентите освојуваат вкупно  16 ЕКТС. Во склоп на изборните предмети  студентот има и практична обука во облик на вежби, демонстрација на различни случаи, како и самостојна истражувачка работа. Студентот има право да  избере изборни предмети во согласност со својот потесен интерес, со цел добивање на дополнителни, високо специјализирани знаења и вештини од одредена потесна област.

Во вториот семестар останатите 14 ЕКТС, студентите ги освојуваат со изработка и одбрана на завршниот стручен труд. Овој труд јавно го бранат по  положување на сите предмети.

Со одбраната на стручниот труд  студентот се здобива со вкупно 60 ЕКТС по завршување на сите обврски од студиската програма.

Со завршување на студиската програма, студентот се стекнува со стручен назив:

Специјалист стручен доктор по дентална медицина

 (Анг. specialist applied doctor of dental medicine);


Преглед на структурата на студиската програма


Решенија за акредитација и почеток со работа

54321
(0 votes. Average 0 of 5)