Успешно реализиран едукативен настан - Центар за кариера на СФС
By in , ,
18
Успешно реализиран едукативен настан - Центар за кариера на СФС
Успешно реализиран едукативен настан за студентите од Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, како резултат на соработката помеѓу Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје, едукативниот центар Интердент од Цеље, Словенија и компанијата Биомедикаимплант од Скопје.
👉Мирјана Загоричник, дипл.заботехничар од едукативниот центар Интердент од Цеље, Словенија одржа предавање на тема ,, ДИГИТАЛНА СТОМАТОЛОГИЈА ’’ на кое студентите имаа можност да се запознаат со најновите концепти за примена на дигиталните технологии во стоматологијата и заботехничките лаборатории, како и употребата на актуелните стоматолошки материјали.
☝️Дополнително, беше организирана и работилница, со практично демонстрирање на индивидуално светлосно полимеризирачки бои за композити со материјал VITA AKZENT LC.
54321
(0 votes. Average 0 of 5)