Информативен ден за студиските програми од втор циклус на студии
На 23.9.2022 година, петок, со почеток од 12:00 часот, во амфитеатар 1 на Стоматолошкиот факултет – Скопје при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, ги очекуваме кандидатите за упис на вториот циклус на студии да присуствуваат на информативните сесии за студиските програми од вториот циклус студии.
На настанот свое обраќање ќе има раководителот на Наставно-научниот колегиум за втор циклус на студии, проф. д-р Ана Сотировска – Ивковска и координаторите на студиските програми од втор циклус студии – проф. д-р Даниела Велеска – Стевковска, проф. д-р Емилија Бајрактарова – Ваљакова и проф. д-р Наташа Тошеска – Спасова.
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2022/09/307713349_962633181354866_4438342645091910370_n-1024x1024.jpg)