Информативен ден – втор циклус на студии – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

🦷Информативен ден за студиските програми од втор циклус на студии

👊На 23.9.2022 година, петок, со почеток од 12:00 часот, во амфитеатар 1 на Стоматолошкиот факултет – Скопје при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, ги очекуваме кандидатите за упис на вториот циклус на студии да присуствуваат на информативните сесии за студиските програми од вториот циклус студии.

👉На настанот свое обраќање ќе има раководителот на Наставно-научниот колегиум за втор циклус на студии, проф. д-р Ана Сотировска – Ивковска и координаторите на студиските програми од втор циклус студии – проф. д-р Даниела Велеска – Стевковска, проф. д-р Емилија Бајрактарова – Ваљакова и проф. д-р Наташа Тошеска – Спасова.