Потребата за осовременување и подобрување на квалитетот на наставата на Стоматолошкиот факултет во Скопје, иницираше организирање и пуштање во употреба на Компјутерски центар за проверка на знаењата на студентите, на 23 мај 2005 година и негово обновување во 2018 година.
Електронската проверка на знаењето, денес се реализира на 35 компјутери, во Компјутерскиот центар на Стоматолошкиот факултет. Во изминатиот период се набави и софтверско решение за таа намена.
Електронската проверка на знаењето претставува објективно оценување на студентот, намалување на трошоците за испитување на студентите, заштеда на време и за студентите и за наставниот кадар и секако, транспарентност во процесот на проверка на знаењата.