КОМПЈУТЕРСКИ ЦЕНТАР ЗА ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊАТА – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Потребата за осовременување и подобрување на квалитетот на наставата на Стоматолошкиот факултет во Скопје, иницираше организирање и пуштање во употреба на Компјутерски центар за проверка на знаењата на студентите, на 23 мај 2005 година и негово обновување во 2018 година.

Електронската проверка на знаењето, денес се реализира на 35 компјутери, во Компјутерскиот центар на Стоматолошкиот факултет. Во изминатиот период се набави и софтверско решение за таа намена.

Компјутерски центар за проверка на знаењата на студентите

Електронската проверка на знаењето претставува објективно оценување на студентот, намалување на трошоците за испитување на студентите, заштеда на време и за студентите и за наставниот кадар и секако, транспарентност во процесот на проверка на знаењата.