
УНИВЕРЗИТЕТОТ “СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
објавува
КОНКУРС
за мобилност на наставен кадар во рамки на програмата ЕРАЗМУС+
АКЦИЈА1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА НАСТАВЕН КАДАР
за академската 2026/2027година
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија,
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за
доделување стипендии за престој на наставен кадар на високообразовните
институции во програмскитедржави:
државите членки на ЕУ
државите членки на ЕФТА кои се членки и на ЕЕО (Норвешка, Исланд и
Лихтенштајн)
Република Србија и Република Турција

