Почитувани колеги,
Го големо задоволство Ве известуваме дека во период од 10.5.2024 до 12.5.2024 година ќе се одржи јубилејниот 30. Меѓународен стоматолошки студентски конгрес и 5. Летна школа за студенти по дентална медицина и млади лекари, во организација на Факултетско Студентско Собрание на Стоматолошки Факултет – ФСС-СФ и Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје.
Едукативните настани ќе се одржат во Универзитетскиот конгресен центар во Охрид.
Студентите кои сакаат активно да учествуваат, можат да изберат една од темите понудени од катедрите на Стоматолошкиот факултет – Скопје или во консултација со наставниот кадар на Факултетот да определат друга тема.
Рокот за пријава на студентски теми е до 25.12.2023 година.
Темите е потребно да ги пријавите на следната е-адреса: fss@stomfak.ukim.edu.mk.
Во прилог