Најава за 30. Меѓународен стоматолошки студентски конгрес и 5. Летна школа за студенти по дентална медицина и млади лекари во организација на Факултетско Студентско Собрание на Стоматолошки Факултет – ФСС-СФ и Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Почитувани колеги,

Го големо задоволство Ве известуваме дека во период од 10.5.2024 до 12.5.2024 година ќе се одржи јубилејниот 30. Меѓународен стоматолошки студентски конгрес и 5. Летна школа за студенти по дентална медицина и млади лекари, во организација на Факултетско Студентско Собрание на Стоматолошки Факултет – ФСС-СФ и Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје.

Едукативните настани ќе се одржат во Универзитетскиот конгресен центар во Охрид.

Студентите кои сакаат активно да учествуваат, можат да изберат една од темите понудени од катедрите на Стоматолошкиот факултет – Скопје или во консултација со наставниот кадар на Факултетот да определат друга тема.

Рокот за пријава на студентски теми е до 25.12.2023 година.

Темите е потребно да ги пријавите на следната е-адреса: fss@stomfak.ukim.edu.mk.

Во прилог

Теми за Студентски Конгрес 2024