ЦЕНТАР ЗА КАРИЕРА – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Центарот за кариера  води посебна евиденција за поранешни студенти (алумни), организира саеми за кариера и врши други работи заради воспоставување постојани врски меѓу студентите и деловната заедница , промовирање на Факултетот  преку пазарот на трудот и др.

Во рамките на Центарот функционира Алумни клубот.

Со Центарот за кариера раководи раководител. Актуелен раководител на Центарот за кариера е проф. д-р Антонио Кирков.