Студентите на Стоматолошкиот факултет при УКИМ добија нова лабораторија наменета за претклинички вежби
By in
55
Студентите на Стоматолошкиот факултет при УКИМ добија нова лабораторија наменета за претклинички вежби

На Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денес беше пуштена во употреба нова лабораторија наменета за претклинички вежби на студентите. Инвестицијата е во вредност од 10 милиони денари, а средствата по половина ги обезбедија Министерството за образование и наука и Универзитетот.

На отворањето присуствуваше и министерката за образование и наука, Проф. д-р Весна Јаневска, Ректорката на УКИМ Проф. д-р Билјана Ангелова, Деканката на Стоматолошкиот факултет – Скопје Проф. д-р Соња Апостолска и Професори од факултетот. Министерката за образование упатувајќи честитки до образовната установа, изрази задоволство што инфраструктурата во високото образование во Македонија забрзано се модернизира.

Тоа, како што рече е исклучително важно за овозможување поквалитетна настава за студентите и создавање на подобро подготвени академски генерации, но и за поквалитетна научно – истражувачка работа.

54321
(0 votes. Average 0 of 5)