Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на УКиМ се вклучи во одбележувањето на Светската недела за подигнување на свеста за Даунов сидром.
За децата и возрасните со Даунов синдом ќе бидат обезбедени бесплатни стоматолошки прегледи и спроведување на терапевтски мерки со цел унапредување на оралното здравјето на индивидуите со оваа состојба кое ќе придонесе и за унапредување и на општото здравје.
Даунов синдром претставува хромозомско нарушување кое настанува како резултат на абнормална клеточна делба, при што ваквата состојба резултира со дополнителна комплетна или делумна копија на хромозом 21.
Дополнителни информации можете да најдете на следниот линк: https://www.worlddownsyndromeday.org/
ДА ПРИДОНЕСЕМЕ ЗА ПОГОЛЕМА ИНКЛУЗИЈА НА ЛИЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ ВО ОПШТЕСТВОТО!!!!