Во Лабораторијата за претклиничка фиксна протетика на Стоматолошки факултет – Скопје, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска од Катедрата за детска и превентивна стоматологија, одржа работилница со наслов: ,,Хистолошка техника за изработка на антериорни реставрации”.
Во излагањето беа елаборирани анатомските и физичките својства, како и изгледот на различните компоненти на забната структура. Дополнително, беше објаснета и употребата на хистолошката слоевита техника за создавање на антериорни композитни реставрации.
Практичниот дел на курсот се состоеше од демонстрација на методата за изработка на антериорни директни композитни реставрации со хистолошка техника, а потоа и учесниците изработија реставрации на работни модели.