Работилница: Хистолошка техника за изработка на антериорни реставрации – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

👉Во Лабораторијата за претклиничка фиксна протетика на Стоматолошки факултет – Скопје, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска од Катедрата за детска и превентивна стоматологија, одржа работилница со наслов: ,,Хистолошка техника за изработка на антериорни реставрации”.

👉Во излагањето беа елаборирани анатомските и физичките својства, како и изгледот на различните компоненти на забната структура. Дополнително, беше објаснета и употребата на хистолошката слоевита техника за создавање на антериорни композитни реставрации.

👉Практичниот дел на курсот се состоеше од демонстрација на методата за изработка на антериорни директни композитни реставрации со хистолошка техника, а потоа и учесниците изработија реставрации на работни модели.