Драги колеги,
Во склоп на склучениот меморандум меѓу Црвен крст на град Скопје и Стоматолошки факултет Скопје при УКИМ, ќе се одржи работилница насловена: Основни принципи на прва помош при ургентни состојби.
На работилницата е предвидена обука за благовремено превземање на внимателни постапки, мерки и активности, со цел одржување на виталните функции и зачувување на животот на пациентот при одредени ургентни состојби на местото на несреќата.
Работилницата ќе се одржи во три термини, по 20 студенти во еден термин.
Работилницата е предвидена за студенти од IV, V и VI година од студиската програма за доктори по дентална медицина и студентите од сите години запишани на студиската програма за стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози.
Пријавувањето е на следниот линк, најдоцна до 10.4.2022г.
