Покана за учество на работилница: Основни принципи на прва помош при ургентни состојби – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Драги колеги,

Во склоп на склучениот меморандум меѓу Црвен крст на град Скопје и Стоматолошки факултет Скопје при УКИМ, ќе се одржи работилница насловена: Основни принципи на прва помош при ургентни состојби.

На работилницата е предвидена обука за благовремено превземање на внимателни постапки, мерки и активности, со цел одржување на виталните функции и зачувување на животот на пациентот при одредени ургентни состојби на местото на несреќата.

Работилницата ќе се одржи во три термини, по 20 студенти во еден термин.

Работилницата е предвидена за студенти од IV, V и VI година од студиската програма за доктори по дентална медицина и студентите од сите години запишани на студиската програма за стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози.

Пријавувањето е на следниот линк, најдоцна до 10.4.2022г.