Општо

Целта на оваа студиска програма е едукација на компетентен професионалец: дипломирана стручна стоматолошка сестра-орален хигиенолог, способен да ги следи и примени современите достигнувања во струката и науката, да ги воочува научните проблеми, критички да размислува и да ги анализира добиените резулатати, да се изгради во одговорна личност со усвоен систем на вредности кои гарантираат успешна и високопрофесионална работа.

Стручните студии   по стоматологија за стоматолошки сестри-орални   хигиенолози, I циклус на студии ќе се се реализираат во текот на тригодишен курикулум (6 семестри) со вкупен број на 180 кредити. Наставата по сите предметни програми ќе се изведува преку теоретска, практична настава, семинари и клиничка пракса. Студиската програма е конципирана во согласност со европскиот систем на пренесување на бодови.

Факултетот дејноста ја врши на наставните бази и тоа на претклиниките и клиниките  во состав на ЈЗУ Универзитетски клинички центар „Св. Пантелејмон“  Скопје  и во состав на ЈЗУ Универзитетска клиника за максилофацијална хирургија.

Студиската  програма  е  структурирана  од  задолжителни  и  изборни  предмети. Вкупниот број  на предмети  изнесува  30  и  дипломската  работа.   

Соодност на кредитите кој ги освојува студентот од задолжителните и изборните предмети е следен: 90% од кредитите студентот ги освојува со положување на задолжителните предмети, останатите 10% од кредитите студентот ги освојува со положување на изборните предмети, кои ги бира од листата на изборни предмети.  

За освојување на предвидениот број на кредити од изборните предмети, студентот во секој  семестар бира по еден изборен предмет од листата на изборни предмети кои се понудени за тој семестар.

На студентите во секој семестар им се на располагање 3 изборни предмети, од кои бираат 1 изборен предмет.

Со  целосно  завршување  на  обврските  во  текот  на  студирањето,  посетување  на  настава, полагање на испити и одбрана на дипломска работа, студентот се стекнува со 180 кредити. По завршувањето на студиите, студентот се стекнува со стручен назив Дипломирана стоматолошка сестра – орален хигиенолог (анг. Graduated dental nurse – dental hygienist).


Преглед на структурата на студиската програма


Решенија за акредитација и почеток со работа