ОПШТО Студиската програма – Забни техничари, втор циклус стручни едногодишни студии
By in
14

Студиската програма Забни техничари, втор циклус  стручни едногодишни  студии ,е со траење од 1 година, односно 2 семестри.

Вкупниот број на кредити кои студентот ги освојува со положување на сите предмети и одбраната на стручен труд  изнесува 60 ЕКТС.

Студиската програма е структурирана од задолжителни, изборни предмети и изработка и одбрана на завршен стручен  труд.

Во првиот семестар студентите имаат 6 задолжителни предмети со кои освојуваат вкупно 30 ЕКТС  кредити.

Во вториот семестар студентите избираат една од понудени две изборни групи на предмети. Секоја  група е сочинета од 4 изборни предмети, од кои секој предмет  носи по 5 ЕКТС. Со полагање на изборните предмети студентите освојуваат вкупно  20 ЕКТС. Во склоп на изборните предмети  студентот има и практична обука во облик на вежби, демонстрација на различни случаи, како и самостојна истражувачка работа. Студентот ја  избира изборната група предмети во согласност со својот потесен интерес, со цел добивање на дополнителни, високо специјализирани знаења и вештини од одредена потесна област.

Во вториот семестар останатите 10 ЕКТС, студентите ги освојуваат со изработка и одбрана на завршниот стручен труд. Овој труд јавно го бранат по  положување на сите предмети.

Со одбраната на стручниот труд  студентот се здобива со вкупно 60 ЕКТС по завршување на сите обврски од студиската програма.

 

Со завршување на студиската програма, студентот се стекнува со стручен назив:

 

Специјалист стручен забен техничар

– Specialist Applied dental technician


Преглед на структурата на студиската програма


Решенија за акредитација и почеток со работа

54321
(0 votes. Average 0 of 5)