ОПШТ ДЕЛ
1.Назив на предлагачот на студиската програма
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Стоматолошки факултет Скопје.
2.Назив на студиската програма
Стручни забни техничари, од прв циклус стручни студии
3.Траење на студиите
Должината на траење на студиите е три (3) години или шест (6) семестри.
4. Услови за запишување на студиите
Условите и начинот за запишување на студенти на студиската програма се во согласност со Законот за високо образование, Статутот на Универзитетот, како и со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
5. Спецификација на генерички (општи) и специфични компетенции кои студентот ќе ги стекне со завршување на студиите и за кои работни места е способен
А) Генерички – општи компетенции
- способност да го примени знаењето на начин што покажува професионален пристап во работата и професијата стручен забен техничар, како и способност за идентификација, анализа и решавање на проблемите во рамките на мултидисциплинарен тим;
- способност да оценува теоретски и практични прашања, да дава објаснување за причините и да избере соодветно решение во соработката со доктор по дентална медицина и доктор специјалист од сите специјалности во стоматологијата;
- способност да комуницира и дискутира со стручната и нестручната јавност за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани.
Б) Специфични компетенции
- познавање на структурата и функцијата на забите, устата, вилиците и останатите орални ткива и здрави и заболени, нивната релација со општата здравствена состојба и со физичката и социјалната состојба на пациентот;
- поседува знаење од базичните биомедицински науки, како и анатомските, морфолошките и функционални особеност и на стоматогнатиот систем;
- ги познава физиолошките и биохемиски процеси во устата, функционалната оклузија, дентофацијалните неправилности;
- ја познава и користи стоматолошката опрема и инструменти кои се користат во заботехничката лабораторија, односно стоматологијата, нивната дезинфекција и стерилизација, како и нивната терапевтска употреба во стоматологијата;
- демонстрира знаење како да ги реши проблемите, како да работи со тим на стручни лица со високо образование и како се раководи со тимот вклучен во здравствена нега;
- ги применува теоретските принципи и практични вештини во препознавање на анатомските, морфолошките и функционалните особености на стоматогнатиот систем;
- ги познава и применува најсовремените биостоматолошки материјали и медикаменти кои се користат во заботехничката лабораторија, односно стоматологијата;
- самостојно изработува мобилни протетски надоместоци;
- самостојно изработува фиксни протетски надоместоци;
- самостојно изработува активни мобилни и функционални ортодонтски апарати;
- самостојно изработува фиксни (интерорални и екстраорални) ортодонтски апарати;
- способност да препознае, поврзе и толкува физиолошки и биохемиски процеси, да одлучи кои инструменти и опрема ќе ги користи;
- способност за дијагноза и третман на дентофацијалните аномалии и ортодонтско- максилофацијалните процедури;
- работи ефикасно како член на тимот, поседува доверливост, ненаметливо однесување, критичко размислување, ги разбира и почитува културните разлики;
- подготвен е за континуирана едукација во различни области на стоматологијата и презема иницијатива за стекнување знаења и учење со висок степен на независност.
В) Работни места за кои се способни
- работа во јавна здравствена установа;
- самостојна работа во приватна здравствена установа;
- работа во фирми кои се занимаваат со набавка, дистрибуција и продажба на стоматолошки материјали и стоматолошка опрема и инструменти.
6. Стручен назив кои се стекнува со завршување на студиите
Дипломиран стручен забен техничар (анг. Graduated dental technican)
Преглед на структурата на студиската програма
