Нова македонска XR технологија за практична едукација на нашите студенти!
By in
20
Нова македонска XR технологија за практична едукација на нашите студенти!
Денес, на Стоматолошкиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, имавме можност да се запознаеме со DentiXR  (https://DentiXR.com), иновативен  тренинг симулатор за практична едукација и усовршување на стоматолошките вештини целосно развиен во Македонија од страна на битолската компанијата Cythero.
Компанијата Cythero донираше еден DentiXR симулатор на нашиот Факултет, кој ќе биде ставен на располагање за потребите на едукацијата и практичната обука на студентите.
Во рамките на денешната посета беше одржана презентација на можностите на системот, како и практична обука на нашиот наставен кадар за негово користење и примена во образовниот процес.
DentiXR е технологија развиена во Македонија, која комбинира проширена реалност (XR), Logitech MX Ink, вибротактилен фидбек и аудио-визуелни повратни информации, овозможувајќи симулација и повеќекратно практикување на стоматолошки процедури во виртуелна средина.
Како информација, во јуни 2026 година DentiXR беше прогласен за победник на Logitech DevStudio 2026 во категоријата MX Ink, на финалниот настан одржан во седиштето на Logitech во Лозана, Швајцарија.
Воведувањето на вакви технологии претставува дополнителна можност за унапредување на практичната настава и запознавање на нашите студенти со современите дигитални алатки кои сè повеќе стануваат дел од стоматолошката едукација на глобално ниво.
Упатуваме благодарност до тимот на Cythero за донацијата, презентацијата и споделеното знаење, како и за поддршката во создавањето нови можности за практична едукација на идните доктори по дентална медицина.
tags: www.stomfak.ukim.edu.mk; www.ukim.edu.mk;
54321
(0 votes. Average 0 of 5)