
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
објавува
КОНКУРС
за студентски мобилности за комбинирани интензивни програми
(BLENDED INTENSIVE PROGRAMMES – BIP)
во рамки на програмата ЕРАЗМУС+
АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
за академската 2025/2026 година
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за учество на студенти во комбинирани интензивни програми (Blended Intensive Programmes – BIP) на високообразовните институции во програмските држави:
- државите членки на ЕУ;
- државите членки на ЕФТА кои се и членки на ЕЕО (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн);
- Република Србија и Република Турција.
Времетраење на комбинираната интензивна програма за студенти:
Комбинираните интензивни програми (Blended Intensive Programme – BIP) се состојат од задолжителна виртуелна/онлајн компонента и мобилност во времетраење од минимум 5 работни дена, а максимум 30 работни дена.
Целокупната комбинирана интензивна програма (вклучително виртуелната компонента и мобилноста) мора да заврши најдоцна до 29 јули 2026 година.
Право на пријавување
Редовни студенти на:
- прв циклус студии, со најмалку завршена прва година на студии, односно запишан трет семестар;
- втор циклус студии;
- трет циклус студии.
Програмата се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и високообразовни институции во програмските држави. (Види листа на Еразмус+ договори)
Листата на активни комбинирани интензивни програми (Blended Intensive Programmes – BIP) може да се најде на официјалната вебстраница на Европската комисија:
https://erasmusbip.org/list–of–bips/
Начин и рок на пријавување
Пријавувањето започнува веднаш по објавувањето на Конкурсот.
Изборот на кандидатите се врши според редоследот на доставувањето на целосните апликации од страна на факултетот/институтот до Ректоратот, на принцип на приоритет според редослед до пополнување на бројот на расположливите мобилности и средства.
Повикот се затвора на 1 јуни 2026 година или порано, доколку се исцрпат расположливите мобилности.
Потребни документи за мобилност на студентите во рамки на комбинирани интензивни програми (BIP)
Сите документи за аплицирање се достапни на вебстраницата на Универзитетот: https://ukim.edu.mk/studenti/studentski–mobilnosti/erazmus/ или вебстраницата на факултетот:
- пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
- уверение за положени испити на македонски јазик;
- уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ-универзитетот, издадена од признат центар/школа за странски јазици;
- уверение за редовен студент – запишан семестар/година (на македонски јазик);
- кратка биографија (Europass model);
- мотивациско писмо.
Задолжително:
- договор за студирање (Learning Agreement for studies), во кој се утврдува програмата на комбинираната интензивна програма, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и факултетот во странство (минимум 3 ЕКТС)
Кандидатите за комбинираната интензивна програма, лично ја поднесуваат апликацијата во три примероци до Еразмус+ координаторот на факултетот/институтот каде што студираат.
(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ)
(Види листа на Еразмус+ координатори по факултети).
Согласно со Еразмус-повелбата за високо образование 2021-2027, при селекцијата на кандидатите ќе се води сметка за вклучување на студентите со посебни потреби и помалку можности. (Види: Инклузија (поддршка) на студенти со посебни потреби и помалку можности)
Висината на Еразмус+ грант за студентите изнесува 79 ЕУР на ден за мобилност од 5 до 14 дена, додека за мобилност од 15 до 30 дена грантот изнесува 56 ЕУР на ден. За патните трошоци на студентот му следува паушален надомест утврден според оддалеченоста на универзитетот-домаќин. (Види линк: Надомест на патни трошоци)
Здравственото осигурување го покриваат лично студентите.
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
Документи

