Студентите треба да ги достават апликациите во 3 примероци (еден за студентот, еден за Еразмус+ координаторот и еден за Универзитетот) до Вас како Еразмус+ координатор надоцна до 17 април 2026 г. Една апликација треба да ги содржи следниве документи:
-
пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
-
уверение за положени испити на македонски јазик;
- уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ-универзитетот, издадена од признат центар/школа за странски јазици;
- уверение за редовен студент – запишан семестар/година (на македонски јазик);
-
кратка биографија (Europass model);
- мотивациско писмо;
Задолжително:
за студентска мобилност за студирање:
-
договор за студирање (Learning Agreement for studies), во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС)
Во прилог ги доставуваме формуларот за пријавување Student Application Form, урнек на договорот за студирање (Learning Agreement for studies) и Europass model.
Факултетот/институтот прави ранг-листа на пријавените кандидати согласно со критериумите (успех во студиите, познавање на странски јазик на кој се изведува наставата на универзитетот во ЕУ, мотивација, итн.). Ранг-листата, заедно со писмо од деканот/директорот и апликациите во еден примерок, ја доставувате до Ректоратот најдоцна до 24 април 2026 година. Студентот и Еразмус+ координаторот задржуваат по еден примерок од апликацијата.
Learning Agreement исто така треба да се изготви онлајн https://www.learning-agreement.eu/ по што се генерира во платформата EWP Dashboard. Понатаму, при изготвувањето на договорот за студирање треба да се изберат предмети кои ќе бидат признаени по враќањето на студентот, односно компатибилни предмети од наставната програма на двата факултета, бидејќи од Вас потпишаниот LA, односно одобрениот ОLA гарантира дека избраните предмети со број на ЕКТС ќе бидат признаен.
Исто така, замолуваме да се внимава на рокот за номинирање за зимскиот семестар во академската 2026/2027 година, наведен на официјалната веб-страница на странскиот универзитет.
Студентите треба да достават валидна диплома за познавањет на странскиот јазик на кој се изведува наставата.
Сите дополнителни информации и формулари за пријавување и листа на потпишани Еразмус+ билатерални договори може да ги побарате на интернет-страницата на Универзитетот под: Меѓународна сорабoтка – Еразмус+ мобилности – ERASMUS+ – Документи за студентска мобилност (https://ukim.edu.mk/studenti/mobilnosti/erazmus/).
За дополнителни информации и поддршка, обратете се во Одделението за меѓународна соработка или на е-адресата:

