ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО УПИСОТ НА СТУДЕНТИ ЗА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ ВО УЧЕБНАТА 2026/2027 ГОДИНА
By in
52
ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО УПИСОТ НА СТУДЕНТИ ЗА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ ВО УЧЕБНАТА 2026/2027 ГОДИНА

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

 

Потребни документи за пријавување на шалтерот на Студентски прашања:

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

– потпишани универзитетски пријавен лист и интерен пријавен лист (генерирана од iKnow-системот);

– оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение), а за кандидатите кои завршиле во странство – Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија

– куса биографија (CV);

– потврда за активно познавање странски јазик;

– потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840 ХХХ-03161; Конто 722313 00);

– препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);

– список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);

– документи за евентуални награди, признанија и други документи;

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.

Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување

 

Рокови за пријавување и запишување

Прв рок Пријавување на кандидатите

1 до 16.10.2026

Запишување на кандидатите 21 и 22.10.2026

 

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

– индекс

– две фотографии (3,5х4,5)

– потврда за уплата на трошоци поврани со специфики во реализација на студиските програми за факултетите каде тоа е предвидено.

54321
(0 votes. Average 0 of 5)