ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО УПИСОТ НА СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2025/2026 ГОДИНА
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта upisi-stomf@ukim.edu.mk. Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување
Потребни документи за пријавување на шалтерот на Студентски прашања:
- пријавен лист за конкурирање за упис на прв циклус студии ;
- електронска пријава во iKnow-системот и сите документи од iknow испечатени и потпишани;
- оригинални свидетелства од сите класови;
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
- извод од матичната книга на родените (не мора да е нов) ;
- доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)- (не мора да е ново);
- потврда за уплатa на Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00);
- потврда за уплатен надомест за упис во износ од 300 денари на жиро-сметката на факултетот, назив на примачот Стоматолошки факултет во Скопје, Банка НБРМ, трансакциска сметка 100000000063095, сметка на корисник 160011048078819 приходна шифра 723019-41.
Рокови за пријавување на кандидатите:
Прв рок |
Втор рок | Трет рок |
За странски студенти |
|
Пријавување на кандидатите |
19.8. и 20.8.2025 |
11 и 12.9.2025 | 24.9.2025 |
до 29.9.2025 |
Објавување резултати од успехот од средно
образование (прелиминарна ранг-листа) |
26.8. 2025 |
16.9.2025 |
||
Објавување решение за прием на кандидатите
(конечна ранг-листа) |
29.8. 2025 |
18.9.2025 |
до 30.9.2025 |
|
Запишување на кандидатите |
4. и 5.9. 2025 | 22.9.2025 | 29.9.2025 |
1.10.2025 |
Стоматолошки факултет – Скопје
Универзитет,,Св.Кирил и Методиј,, во Скопје