Бр. 04- 2194/1
27.07.2026 година
Скопје
Врз основа на член 160, став 3 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 178/2021, бр. 58/2024 и бр. 124/2025), член 6, став 2 од Закон за вработените во јавниот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/2019, 14/2020 и 208/2024), и член 28-а од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/2019, 267/2020, 151/2021, 288/2021, 111/2023, 39/2025, 74/2025 и 124/2025), член 30 од Колективниот договор за високо образование и наука („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 102/2021), член 8 од Колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 287/2022) и Правилникот за систематизација на работните места на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје-Стоматолошки факултет-Скопје (Анекс 9) (Универзитетски гласник бр. 341/2016), Стоматолошкиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС бр. 1/2026
за унапредување на вработено лице на Стоматолошкиот факултет во Скопје
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Стоматолошкиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува Интерен оглас за унапредување на вработено лице-ненаставен кадар, за работно место:
- Секретар на Факултетот (шифра ОБН0102А02001) – 1 (еден) извршител;
Општи услови
- да се државјани на Република Северна Македонија;
- активно да го користат македонскиот јазик;
- да се полнолетни;
- да имаат општа здравствена способност за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
а) Стручни квалификации:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен.
б) Работно искуство:
- најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
в) Посебни работни компетенции:
- познавање на странски јазик (најмалку еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
г) Општи работни компетенции (напредно ниво):
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон клиенти/засегнати страни;
- раководење;
- финансиско управување.
Други посебни услови
- положен правосуден испит.
Распоред на работното време
- работно време од понеделник до петок од 8:00/8:30 до 16:00/16:30 часот
- работни часови во неделата: 40.
Паричен износ на основната нето плата:
- основната нето плата се утврдува согласно закон, колективен договор и актите на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје и на Стоматолошкиот факултет-Скопје. Платата може да биде променлива.
- Рок за доставување на пријава за унапредување и рок за избор
- Пријавата на пропишан образец, објавен со Огласот, се доставува во рок од 5 (пет) работни дена. Прв ден на огласот е првиот нареден работен ден сметано од денот на објавување на огласот на огласната табла на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Ако последниот ден се паѓа во сабота или недела или друг неработен ден согласно закон, последен ден на огласот е првиот нареден работен ден.
- Кандидатите вработени на Стоматолошкиот факултет во Скопје, со пријавата за унапредување не се должни да доставуваат во прилог докази дека ги исполнуваат условите за работното место на кое се пријавуваат доколку со нив располага Одделението за правни и општи работи.
- Право на учество имаат сите вработени на Стоматолошкиот факултет во Скопје кои ги исполнуваат општите и посебните услови за пополнување на работните места пропишани за соодветното ниво.
- Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
- Пријавата со потребната документација се доставува во материјална форма во архивата на Стоматолошкиот факултет во Скопје, ул.Мајка Тереза бр.43, 1000 Скопје.
- Рок за избор: најмногу 3 (три) работни дена по завршување на огласот.
- Информација за начинот за спроведување на постапката за селекција
4.1 Постапката за селекција ја спроведува Комисија за селекција, која ќе треба да достави предлог за унапредување до овластено лице кај работодавачот.
4.2 Комисијата ќе ја спроведе селекцијата на кандидатите во 4 фази и тоа:
- проверка на пријавата со доказите;
- спроведување на квалификациски тест во хартиена форма, со прашања од Уставот на Република Северна Македонија, Законот за високото образование, Законот за работните односи, Законот за општа управна постапка, Законот за буџетите и Законот за вработените во јавниот сектор;
- интервју;
- оценка на учинокот на кандидатот (учинокот се оценува врз основа на следењето на работата и односот кон работата на работникот од страна на работодавачот).
4.3 Одлука за унапредување на вработените лица во Стручната и административната служба донесува овластеното лице кај работодавачот односно Деканот на Факултетот.
Стоматолошки факултет-Скопје
Декан
Проф. д-р Соња Апостолска
СИМНИ П Р И Ј А В А

