Општо – втор циклус на стручни студии по дентална медицина – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

ВТОР ЦИКЛУС НА СТРУЧНИ СТУДИИ ПО ДЕНТАЛНА МЕДИЦИНА

Целта на оваа студиска програма ќе биде остварена низ:

· Усогласување со современите текови на стручен, научен и технолошки развој така да крајниот ефект од образованието мерен со квалитетот на стручните и научните способности, во потполност би одговарал на националните потреби и потребите на пазарот,
· Воведување на флексибилен систем на студии и истражувачки активности,
· Усогласување на постигнатите теоретски знаења со практичната примена во рамки на секојдневната стоматолошка пракса при решавање на здравствените проблеми кај пациенти,
· Обезбедување на можноста завршувањето на студиите да биде база и за евентуално понатамошно долгорочно и ефикасно образование и професионално усовршување,
· Давање придонес кон развојот на стоматолошката струка и наука.

Вториот циклус на стручни студии по дентална медицина ќе се се реализира во текот на едногодишен курикулум (2 семестри) со вкупен број на 60 кредити. Наставата по сите предметни програми ќе се изведува преку теоретска, практична настава, клиничка пракса и самостојна истражувачка работа. Студиската програма е конципирана во согласност со европскиот систем на пренесување на бодови (ЕКТС).

Со целосно завршување на обврските во текот на студирањето, посетување на настава, полагање на испити и одбрана на стручен труд, студентот стекнува 60 кредити.

Стоматолошкиот факултет – Скопје, својата високообразовна дејност ја врши во рамки на просторот со кој самостојно располага, но пред се на своите две наставни бази и тоа на:  Јавната здравствена установа Универзитетски стоматолошки клинички центар ,,Св. Пантелејмон,, Скопје и  Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за максилофацијална хирургија Скопје.

Студиската програма е структурирана од задолжителни, изборни предмети и изработка и одбрана на завршен стручен труд. Изборните предмети се групирани во изборни блокови, според научната област на која и припаѓаат. Во првиот семестар студентите имаат 4 задолжителни предмети со кои освојуваат вкупно 30 ЕКТС. Во вториот семестар студентите избираат еден од понудените 6 изборни блокови. Изборните блокови се поврзани со една од научните области во стоматологијата. Со изборниот блок студентите освојуваат, 21 ЕКТС. Во склоп на изборниот блок, студентот има и практична обука, во облик на вежби, демонстрација на различни случаи како и самостојна истражувачка работа. Останатите 9 ЕКТС, студентите ги освојуваат со изработка и одбрана на завршниот стручен труд. Овој труд, јавно го бранат по положување на сите предмети. Вториот циклус на стручни студии по дентална медицина, се завршува со изработка и oдбрана на стручен труд. Стручниот струдпретставува самостојна работа на студентот, изработен со користење на научна методологија. Според структурата сличен е со магистерскиот труд, но за разлика од магистерскиот труд, стучниот труд не мора да има научен придонес. Треба да биде напишан на не помалку од 30 и не повеќе од 70 страни, А4 формат, со големина на букви 11.

Студиската програма дава можност за продолжување на образованието на втор и трет циклус на академски студии, како и продолжување на образованието во насока на здравствени специјализации. Доколку кандидатите ги продолжат студиите на втор или трет циклус на академски студии или пак на здравствена специјализација, постои можност за признавање на определен број на предметни програми кои се компатибилни на различните студиски програми во полето на стоматологијата.

Стручен назив со кој се стекнува студентот по завршување на студиите е специјалист – доктор по дентална медицина.


Преглед на структурата на студиската програма


Решенија за акредитација и почеток со работа