Органи и тела на факултетот

Органи на Факултетот се:

Деканот е раководен орган на Факултетот.Тој гозастапува и го претставува Факултетот во земјата и во странство. Надлежностите на деканот се предвидени во Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, Правилникот за внатрешни односи и работење на Стоматолошкиот факултет во Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје.

На Факултетот се избираат 3 продекани и тоа:

 

Деканатската управа е орган на управување на Факултетот.  Деканатската управа брои 12 члена. и тоа: деканот, продеканите, раководителите на катедрите и претседателот на Студентскиот парламент на Факултетот.

Наставно-научниот совет е стручен орган на Факултетот.Наставно-научниот совет го сочинуваат редовните и вонредните професори и доцентите вработени на Факултетот, како и претставници кои ги избираат студентите.

Наставно-научниот совет формира постојани и повремени работни тела за одделни прашања од неговиот делокруг.На Факултетот како постојани работни тела се формираат следните одбори:

 

Наставно-научниот совет на Факултетот формира Етичка комисија. Етичката комисија е стручно-работно тело за медицинско-стоматолошки истражувања.

За организирање на вториот циклус студии се формира Наставно-научен колегиум на студиска програма за втор циклус на студии.

За организирање на третиот циклус студии се формира Совет за докторски студии.

За да оствари соработка и доверба со јавноста, деловната заедница, професионалните комори и со други институции и здруженија на граѓани од подрачјето во кое ги врши високообразовната дејност и научноистражувачката работа, како и за да оствари јавност и одговорност за вршењето на дејноста од јавен интерес, Факултетот формира факултетски одбор за соработка и доверба со јавноста.