Деканатска управа – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Деканатска управа

Деканатската управа е орган на управување на Факултетот.

Деканатската управа ја сочинуваат: деканот, продеканите, еден претставник од студентите кој го избира факултетското студентско собрание и раководителите на катедрите. Во работата на Деканатската управа по покана можат да учествуваат и координаторите на студиските програми, како и раководителите на постојаните и привремените функционално-работни единици, без право на одлучување.

Деканатската управа работи на седници. Деканатската управа ја свикува и на седниците претседава деканот.