Општо за стоматолошки сестри-орални хигиенолози

Стручните студии по стоматологија за стоматолошки сестри-орални хигиенолози, I циклус на студии, се реализираат во текот на тригодишен курикулум (6 семестри) со вкупен број на 180 кредити. Наставата по сите предметни програми се изведува преку теоретска, практична настава, семинар  и клиничка пракса.

Студиската програма е структурирана од задолжителни и изборни предмети. Вкупниот број на предмети изнесува 30 и дипломска работа. Соодност на задолжителните и изборните предмети е следен: 60% од предметите се задолжителни (вкупно 18), 30% од пердметите се изборни, од листата на слободни изборни предмети на факултетот (вкупно 9) и 10% од предметите се од Универзитетската листа на слободни изборни предмети (вкупно 3).

Студентот во секој семестар (зимски и летен) има по 3 задолжителни предмети. Со задолжителните предмети во секој семестар студентот освојува 24 кредити.

Во секој зимски семестар од понудените три изборни предмети од листата на слободни изборни предмети на факултетот, студентот бира уште 2 предмети, кои носат по 3 кредити и на тој начин освојува вкупно 30 кредити во зимскиот семестар.

Во секој летен семестар од понудените три изборни предмети од листата на слободни изборни предмети на факултетот, студентот бира 1 предмет, кој носи 3 кредити а од Универзитетската листа на слободни изборни предмети, исто така бира еден предмет, кој ќе носи најмалку 3 кредити. На тој начин и во летниот семестар, студентот ќе освои 30 кредити.

Елаборатот на студиската програма може да го превземете тука.

Решение за акредитација на студиската програма

Решение за почеток со работа