На 19.4.2022 година се одржа вториот термин од работилницата на тема ,,Основни принципи на прва помош при ургентни состојби” , во организација на Црвен крст на град Скопје и Стоматолошки факултет – Скопје при УКИМ.
Студентите кои учествуваа на работилницата имаа можност да се запознаат со техниките на пружање на прва помош на местото на несреќата и истите практично да ги извежбаат.
Работилницата ќе се одржи уште во еден термин со 20 студенти од 4та, 5та и 6та година од студиската програма доктори по дентална медицина и сите три години од студиската програма стручни стоматолошки сестри, за кои може да се пријавите на следниот линк: