Mеморандум за соработка со градоначалникот на Општина Центар г-дин Саша Богдановиќ – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Деканот на Стоматолошкиот Факултет -Скопје проф. д-р Ќиро Ивановски потпиша меморандум за соработка со градоначалникот на Општина Центар, г-дин Саша Богдановиќ.
Со меморандумот се предвидени реализирање на заеднички активности во детските градинки и основните училишта во општината, особено во делот на унапредувањето на здравите животни навики на децата од општина Центар.